X
 05.05.2017 Образование

Професор од Економски факултет при УГД најдобар млад макроекономист за 2017 година според Народна банка на Република Македонија

Доц. д-р Дарко Лазаров од Економски факултет при УГД ја доби престижната награда за најдобар млад макроекономист за 2017 година што Народна банка на Република Македонија (НБРМ) ја доделува за најдобар истражувачки труд од областа на макроекономија, банкарство и банкарски системи.




Оваа награда НБРМ ја доделува со цел поттикнување и промовирање на научноистражувачката работа во земјава во областа на економската наука и истата се доделува преку оценка на комисија составена од истакнати членови на НБРМ и членови на Советот на НБРМ.

Насловот на трудот со кој д-р Дарко Лазаров ја доби наградата  е „Дали финансискиот сектор е ограничувачки фактор на економскиот раст: Случајот за Македонија?“.  Целта на трудот е да одговори на прашањето дали банкарскиот сектор и пазарот на пари го ограничуваат економскиот раст во РМ преку примена на современа економетриска методологија и квантитативен пристап базиран на приспособен модел на раст. Добиените резултати од истражувањето водат до изведување на научнофундирани заклучоци кои можат да бидат корисна основа за креаторите на економските политики во насока на забрзување на растот на македонската економија преку подобрување на ефикасноста на финансискиот сектор.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование