X
 06.05.2017 Култура

Дали е ова најчудната вечерна забава што некогаш се случила?

Група мажи во костими и жени во вечерни фустани пристигнуваат во голема куќа од опера, придружени од диригентот и еден од пеачите.

вечера
Фото извор: BBC/ ROH /Clive Barda

Но слугите заминуваат бидејќи имаат чувство дека нешто не е во ред, а господата и дамите се изненадени затоа што нема кој да им ги земе палтата. Тие се повлекуваат горе и потоа – на првиот знак дека работите ќе станат чудни – луѓето повторно влегуваат во куќата како да е прв пат и сцената почнува повторно.

Овој момент од надреалистичниот филм на „Истребувањето на ангелот“ на Луис Бунуел е трансформиран во опера со музика на британскиот композитор Томас Адес.

Гостите во изведбата не можат да ја напуштат забавата. Тие вечераат раскошно и кога ќе помине времето, правилата на љубезното однесување престануваат и сите почнуваат да бараат удобство на софата или на подот каде што и заспиваат, а следното утро немаат волја да заминат.
Во собата кај што се заробени гостите има панел кој води до мала одаја каде што гостите ги кршат табуата. На вратата има насликано ангел што е секуларна метафора, концепт за казнување на општеството за неговото почитување на одреден вид на буржоаска идеологија.

Том Кернс, кој го напишал либертото на операта со Адес вели дека бил ужасно свесен дека одредена публика е етикетирана како „публика за опера“ и колку се слични тие со луѓето на сцената. Но, тој продолжува, како и сите останати ликовите од операта се жртви на нивната класа. Неговата цел е до крај на операта „сите да почувствуваат страв од тоа што се живи, од егзистенцијата и како нештата се распраѓаат пред Вас.“

Фрустрацијата е клучна тема во филмовите на Бунуел, тоа што „ние не сме способни да дејствуваме за нашите цели од една или друга причина“ што се поврзува со сцената во која три лика се затворени во просторија од која не можат да излезат.

Операта
има многу пораки, но најдобрите може да ги осознаете и години подоцна откако ќе го изгледате филмот по втор пат.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура