X
 06.05.2017 Култура

САД воведува построга контрола при издавање визи: ќе се проверуваат и профилите на социјалните мрежи?!

Американскиот Стејт Департмент предложи примена на построги проверки при разгледувањето на барањата за визи, вклучително и проверка на активностите на барателот на социјалните мрежи, наведува Reuters.

pasos

Ваквата одлука е во согласност со планот на претседателот Трамп кој бараше дополнителни ограничувања и проверки на лицата кои влегуваат во САД. Новите критериуми кои ќе ги разгледуваат конзуларните оддели на американските амбасади ќе содржат и прашања за профилите на социјалните мрежи за оние лица за кои ќе се одреди дека ќе мораат да ги задоволат и дополнителните критериуми. Се проценува дека на „удар“ на новите прописи ќе се најдат околу 65.000 лица, баратели на американска виза на годишно ниво.

Одлуката не се однесува поединечно за некои земји, туку е насочена кон сите лица за кои ќе „се процени дека би можеле да имаат некаква врска со тероризам или други прашања на национална безбедност“.

Дополнително, ваквите баратели на виза ќе мораат да ги достават броевите на сите поранешни патни исправи, информација за користење на социјалните мрежи во последните пет години , мејл адреси, броеви на телефони како и сите информации од своите биографии за последните 15 години, се наведува во објавата.

Како што е наведено, конзуларните службеници нема да бараат лозунзи за пристап на социјалните мрежи. Ако се усвојат овие предлози, тоа ќе биде првиот чекор кон примена на построгиот режим за издавање американски визи по налог на Трамп, заради јакнење на системот на безбедност на американските граници. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура