X
 07.05.2017 Култура

Booking.com ги претставува десетте најдобри стартап проекти кои се борат за 500.000 евра


Девојка фотографира знаменитост
(Фото: Booking.com)

Нешто помалку од 700 стартап проекти и тимови од 102 држави се пријавија на првата Booking.com Booster програма каде ќе се натпреваруваат за освојување стипендии во износ и до 500.000 евра.

Booking.com, глобалниот лидер во поврзување на патници со најголем избор на сместувања, ги претстави десетте стартап проекти кои ќе се придружат на програмата Accelerator, која има за цел да  препознае, менторира и спонзорира иновативни старап бизниси низ светот кои би можеле позитивно да влијаат врз индустријата на глобалниот туризам.

Избраните проекти ќе учествуваат во тринеделната програма што ќе се одржи во јуни во Амстердам. Секој учесник ќе добие можност да ја презентира својата идеја и визија за одржлив туризам пред експертите од оваа индустриска гранка и да освои стипендија во висина од половина милион евра што ја обезбедува Booking.com.

Овие се десетте избрани стартап проекти кои ќе се натпреваруваат во Амстердам:

1. MovingWorlds (САД и Колумбија)

Проект замислен како систем што ќе обезбедува стручни лица и тимови во оние делови од светот каде што се најпотребни. MovingWorlds им помага на професионалците кои не добиле можност да го покажат своето знаење да стекнат потребно искуство  преку волонтирање за да станат препознатливи пред експертската заедница.

2. Autheticook (Индија)

Овој проект им овозможува на патниците и локалното население да ја споделат сопствената  култура и обичаи низ храната. Во домовите на локалното население, домаќините би ги пречекувале туристите и патниците, нудејќи им домашно подготвена традиционална  храна и специјалитети, со што би овозможиле размена на знаења и културни навики.

3. Backstreet Academy (Сингапур и Југоисточна Азија)

Backstreet Academy е платформа што на сиромашните локални заедници во земјите во развој, каде мнозинството население не знае англиски јазик, им овозможува пристап до технологиите за да можат да се занимаваат со туризам. Изнајмувачите ќе добиваат информација за резервација преку мобилен телефон каде ќе им стига СМС порака на локалниот јазик или пак ќе добиваат повик од автоматска секретарка.

4. Visit.org (САД)

Основана е во 2015 година со седиште во Њујорк и моментално е водечка платформа за патувања која на учесниците им нуди можност позитивно да влијаат врз локалните средини преку партнерство, донации, креирање содржини и слично. Локалното население ќе им обезбедува на туристите разни искуства во текот на патувањето како работилници за готвење на локални специјалитети или пак берење на плодови на некоја фарма.

5. Awake (Колумбија)

Оваа платформа настојува да се покренуваат иницијативи на локално ниво со цел да се заштити животната средина и да се овозможи заработка на дестинации кои се занимаваат со одржлив туризам. На платформата може да се најде и да се резервира сместување на разни локации во природа.

6. Seabin (Австралија и Шпанија)

Seabinе автоматизирана канта за ѓубре која лебдејќи на морската површина собира во себе разно ѓубре и нафта. Водата потоа се прочистува низ филтри во марината. Seabinе исто така може да се користи и со алтернативни извори на енергија, како ветерот или соларната енергија.

7. MEJDI Tours (Палестина и Израел)

Мисијата на овој проект е да им се овозможи на патниците локацијата да ја доживеат од две перспективи. Со два водичи кои се од иста локална заедница, но имаат различна културна особеност. Ова овозможува увид во традициите на различни религии, политички и културни идеи и слично. Идејата настана во Палестина и Израел каде туристите ги водат израелски и палестински водачи кои од своја перспектива им ги презентираат културните и традиционалните обичаи и знаменитости.

8. Desolenator
(Велика Британија)

Desolenatorе е технологија која овозможува прочистување на морската вода. Со филтрирањето таа вода станува погодна за пиење, а цел систем работи на соларна енергија.

9. LokalAlike (Тајланд)
 
Ова е проект со кој се настојува да се инспирираат патниците за да можат да придонесат во развојот на локалните заедници со помош на туризмот.

10. Good Hotel (Гватемала, Велика Британија и Холандија)

Good Hotel е група која комбинира добри дела со дејствување и врвни искуства. Групата инвестира и во едукација на локалните претприемачи на кои им е потребна помош.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура