X
 10.05.2017 Образование

Студенти од Правниот факултет при УГД со награда на ораторски натпревар по повод Денот на Европа

Тројца студенти од Правниот факултет при УГД, Иван Николов, Елена Орцева и Иван Буралиев, беа дел од ораторскиот натпревар кој се одржа на 5 мај во склоп на настанот „Собир на македонските универзитети“, организиран по повод одбележувањето на 9 мај - Денот на Европа. Со својот говор на тема „Ја познавам ли доволно ЕУ“, Елена Орцева го освои второто место на натпреварот.



На настанот присуствуваа и студенти од останатите поголеми универзитети во нашата држава. Покрај ораторскиот натпревар, во склоп на настанот се одржа и студентска дебата на темата „Европската Унија: Задолжителна или алтернативна опција за студентите?” во која можеа да се вклучат сите присутни студенти.

Овој настан се одржува веќе десет години, а годинава домаќин беше Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Настанот го организира Европското движење во Република Македонија во партнерство со поголемите универзитети во Р Македонија, со Фондацијата Конрад Аденауер, Делегацијата на Европската комисија и Секретаријатот за европски прашања на РМ, чии претставници имаа свои излагања на настанот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование