X
 12.05.2017 Живот

Интервју со м-р Кирил Пецевски: Како да се справите со несоницата предизвикана од нарушен биоритам?

фото

Дали сте забележале дека во одреден период од денот ви се приспива, во друг дел од денот сте полни со елан за работа, а пак во некој трет период од денот сте расположени за дружење и разговор? Тоа е нашиот „внатрешен распоред“ или т.н. биоритам, од кој во голема мера зависи функционирањето на секој организам, и кој влијае врз однесувањето на личноста.

Една од последиците кои се јавуваат кај луѓето кои имаат нарушен биоритам е несоницата. На оваа тема  и за тоа како да си помогнеме кога се соочуваме со нарушен биоритам разговараме со фармацевтот Кирил Пецевски.

За почеток, што е всушност биоритмот? Како можеме да го објасниме?

Зборуваме за еден комплексен склоп од животни активности (биос – живот) во кои учествува нашиот организам,но и физиолошки процеси кои се одвиваат во него по одреден редослед (ритам) во текот на едно деноноќие.Според теоријата на биоритамот животот на секој поединец е предодреден од биолошки циклуси кои влијаат на успехот на физичките, менталните и емоционалните актвности.Процесот е контролиран од разни хемиски супстаници  и хормони кои се лачат во нашиот организам и кои го одредуваат нашето однесување на сите полиња.

Кои се причините кои доведуваат до нарушување на биоритмот кој го имаме? Кај кои личности најчесто се случуваат промени во биоритмот?

Причините се бројни, пред се лоши животни навики кои вклучуваат лош диететски режим (нездрава исхрана и нерамномерно распределени оброци во текот на денот), употреба на  енергетски пијалоци и алкохол,преголем физички или психички напор,хронично изложување на стресни и опасни ситуации итн. На сите овие фактори е пред се изложена младата студентска популација и работоспособното население во средна возраст за кои слободно можеме да кажеме дека функционираат со нарушен и лош животен биоритам.

Што се случува со организмот, односно личноста која се соочува со нарушен биоритам? Кои се последиците по однос на функционирањето?

При нарушен биоритам,пред се, се јавува еден дисбаланс меѓу времето поминато во одмор и времето во кое треба да сме будни и активни.Ноќните часови во период 23 до 07 часот наутро треба да бидат време за сон и одмор. Лицата со нарушен биоритам немаат континуиран сон во овој период бидејќи си легнуваат доцна, тешко заспиваат, често се будат во текот на ноќта и наутро стануваат рано чувствувајќи се поспано во текот на денот или пак продолжуваат да спијат до раните попладневни часови.Во текот на денот кога треба да бидат активни се чувствуваат нервозно,раздразливо,со лошо расположение,нарушена концентрација што резултира со проблеми и неквалитетно извршување на нивните приватни и професионални обврски.

Од друга страна недоволен одмор за организмот е главен ризик фактор кој за кратко време доведува до пад на општиот имунитет и создава можност за појава на разни болести.

Кои типови на несоница се јавуваат како последица на нарушениот биоритам?

Несоницата може да биде акутна – ако трае помалку од еден месец и е најчесто предизвикана од некој краткотраен стрес или заболување, но и од нарушен биоритам при патување при кое се менуваат повеќе временски зони (jet lag синдром).Од друга страна нарушениот биоритам и практикување на лоши животни навики во подолг период како: гледање телевизија или работа на компјутер доцна навечер, консумирање на кафе,алкохол,енергетски пијалоци во вечерните часови,физички напор и замор на организмот пред спиење итн. доведуваат до несоница од хроничен тип која трае подолго време. Ако несоницата трае повеќе од еден месец  мора сериозно да се сфати и да се третира како би се избегнале нејзините последици.

Сите имаме вграден „внатрешен часовник“ кој одредува кои хормони се лачат во одредено време и кое е најповолно време за одредена активност.

Дали попладневните дремки го нарушуваат текот на биоритмот и дали влијаат врз квалитетот на сонот?


Внатрешниот часовник е одреден пред се од хормонот мелатонин кој се лачи во нашиот централен нервен систем т.е во епифизата во вечерните часови.Тој го одредува времето кое треба да го поминеме во сон и времето кога треба да сме будни. Со продукцијата на мелатонин нашиот организам се подготвува за одмор. Мелатонинот благо ја спушта телесната температура, го опушта и релаксира телото и овозможува полесно заспивање. Попладневните дремки го одложуваат вечерното легнување,остануваме изложени на светлина која пречи во синтезата на мелатонинот и како резултат на тоа имаме краток,неконтинуиран и неквалитетен сон.

Постои ли идеален универзален распоред на функционирање, односно реализација на дневните активности применлив за секоја индивидуа?

Најважно е на телото да му обезбедиме квалитетен одмор 6-8 часови во текот на ноќта.Континуираниот сон ни гарантира дека наутро ќе станеме одморени и со доволно енергија во извршувањето на работните обврски. Правилната и одмерена исхрана во текот на денот исто така е важна за целокупното функционирање. Препорачливо е во попладневните часови да се најде време за умерени физички активности, фитнес, рекреативен спорт и сл.

Кажете ни неколку природни начини за справување со несоницата. Што би им препорачале на студентите кои во текот на студиите се соочуваат со големи промени во биоритмот поради учењето?

Со несоницата лесно можеме да се справиме и тоа со помош на природна формула која обезбедува лесно паѓање во сон.Таква е комбинацијата од валеријана,маточина и веќеспоменатиот мелатонин кои се достапни во облик на капсули кои се земаат навечер пред легнување.Природните екстракти од валеријана и маточина се природни седативи со анксиолитично  и антидепресивно дејство.Мелатонинот го скратува времето потребно за заспивање така што ваквата комбинација која се зема половина час пред легнување се покажала како најефикасна  против несоница.Важно е и тоа дека се работи за додаток во исхрана кој може да се користи подолго време и не создава зависност како хемиските седативи и хипнотици.

М-р по фармација Кирил Пецевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот