X
 16.05.2017 Образование

Бесплатни математички, логички и економски лекции за учениците од средно образование

За време на средното образование, учениците можат да увидат колку математичките, логичките концепти и политичките теории можат да се применат во реалноста по завршувањето на средното образование.


„Econ Ed Link“ е одличен извор на планови за лекции, видеа и интерактивни активности за учење на економските концепти. Неодамна е објавена и листа на нивниот план за лекции „Math In the Real World“. Тука се застапени лекции кои вклучуваат активности преку кои учениците ќе согледаат како да се анализира бизнис профитот и загубата, како функционираат акциите на берзата и како дистрибуцијата на приходот може да влијае на политиките на владата. Исто така, може да имаат увид во политиката на позајмици. Мерки за штедење и кредити, како и последиците од сето тоа.

За да ги разберат економските концепти, учениците потребно е да ги разбираат и развиваат и математичките и логичките концепти. Бесплатните лекции на „Econ Ed Link“ можат многу да помогнат во разбирањето на концептите и нивната примена во практиката.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование