X
 16.05.2017 Технологија

Кој тргува со Вашите податоци и зошто не знаете ништо околу тоа?

Повеќе од сторина земји во светот имаат донесено закон со кој ги регулираат заштитата и приватноста на податоците. Многу имаат прифатено дека ова е неопходно но сѐ уште немаат развиено сеопфатен закон за заштита на податоците кој е применлив во сите сектори.

тастатура

Меѓу оние чие работење не е регулирано како што треба се и информациските посредници. Тие не им се многу познати на „обичните“ граѓани кои не размислуваат многу кога ги споделуваат своите податоци на интернет. Некои од нив се собираат, анализираат а потоа и се продаваат меѓу себе, на агенции и на информациски посредници. Вашите информации вредат пари.

Оваа индустрија е популарна од пред неколку години, а начините на кои брокерите или посредниците доаѓаат до податоците се разни: преку колачиња, мобилни апликации, социјални мрежи, онлајн анкети итн. Во светот постојат повеќе од 4.000 вакви компании.

Според Небојша Јанковиќ од КПМГ Србија, интернетот не е она што беше на почетокот. Луѓето не се свесни дека секој нивен клик некаде е забележан. Постои берза на податоци – од кредитни картички до лични податоци со лични документи. За 200 евра може да купите нечиј пасош. Компаниите низ разни истражувања собираат голем број податоци.

КПМГ се залага за легализација на информациските брокери и тоа е единствена опција да се заштитат корисниците. Од КПМГ Србија порачуваат дека не е тешко да се предвиди дека во блиска иднина ќе дојде време кога приватните податоци ќе бидат нудени како средство за тргување на берза.

Бројот на компании кои ги пратат нашите податоци е непознат. Тоа се фирми кои се бават со истражување, секакви интернет компании, маркетиншки и адвертајзинг агенции како и трговски асоцијации. Исто така многу интернет страни дозволуваат да се собираат податоци за Вас додека кликате по страниците.

Едно истражување на српско КПМГ покажало дека повеќе од половина испитаници радо ги делат своите податоци за пол, образование и етничка припадност ако имаат корист од тоа.
Кога станува збор за механизмите на заштита од КПМГ Србија порачуваат дека најдобро е да не се делат многу информации за себе на интернет и внимателно да размислете за последиците пред да направите било што. Треба да се внимава и на крадење на идентитетот.

Кога станува збор за заштита ако нешто не Ви е јасно зошто некој бара информација од Вас е да побарате објаснување зошто тоа се бара.

Најдобар начин да се покрене свеста е преку медиумите. Притоа, никој не е поштеден. Секому може да се случи злоупотреба на личните податоци и секој треба ова да го сфати многу сериозно.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија