X
 16.05.2017 Технологија

Маск започна со реализација на тунелите на иднината

mask

Директорот на „Tesla motors“, Илон Маск, и покрај недовербата на експертите, не се откажува од својот импресивен план за изградба на тунел под Лос Анџелес.

Тој објави и фотографии од својот прв подземен тунел на социјалните мрежи и како што најавува, неговиот проект ќе ја победи неподносливата гужва и турканици во тој град. Според проектот,  автомобилите  на електричен погон ќе можат да се движат во тунелот со брзина и до 200 километри на час.

Критичарите веднаш го прогласија овој план за комплетно нереален, затоа што изискува многу дозволи за стотици тунели колку што предвидува планот за изградба. Но, судејќи според фотографиите, се чини дека досега сè оди според планираното.

Маск на Инстаграм го објави и самиот процес на дупчење.

Шефот на „Tesla' тврди дека од едниот до другиот крај на градот би можело да се стигнува за само 5 минути, што навистина звучи импресивно.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија