X
 16.05.2017 Технологија

Скриени трикови кои не сте ги знаеле за Вашиот Ајфон

Ајфон и Андроид уредите имаат и добри и лоши страни, но генерално се смета дека iOS е полесен за користење додека Андроид нуди повеќе во прилагодувањата и конфигурацијата.

ајфон


Сепак, иако оперативниот систем на Епл изгледа едноставно, има многу скриени својства кои сигурно не сте ги знаеле.

Користење на тастатурата како подлога за движење – со ова својство може да го движите курсерот поточно и да скокате текст без да допирате на екранот. За да го користите потребен Ви е Ајфон со 3Д допир. На Ајфонот притиснете и задржете било каде на тастатурата за а ја активирате подлогата за движење.

Користете “backspace” во Калкулаторот – ако минувате време во апликацијата Калкулатор, знаење колку се греши при пишување, при што равенствата треба да ги пишувате одново. Со оваа скриена функција само ќе се вратите еден чекор назад без да ги користите C и AC копчињата. Само поминете со прстот кон лево или десно во горниот дел на екранот каде што се прикажани цифри.

Скријте ги приватните слики – Сите имаат фотографии кои не сакаат да ги покажуваат, но се нашле во ситуација пријател да гледа нешто во туѓиот телефон. Во “Photos” селектирајте една или повеќе слики, кликнете на “Share” и изберете “Hide”. Овие фотографии ќе бидат потоа достапни преку “Albums”.

Одете во кревет на време – последната верзија на iOS ви овозможува да си поставите одреден термин за легнување во кревет. Отворете ја апликацијата “Clock” и кликнете на линкот “Bedtime”.  Првин телефонот ќе Ве праша кога сакате да се будите наутро, па ќе може да одлучите кои денови да не Ви ѕвони алармот и колку часови сакате да спиете. Потоа телефонот ќе Ви одреди и време за спиење.

Вратете си го назад изгубениот телефон – Дури и ако не ја користете Apple Health апликацијата вреди да со потполните делот Medical ID. Податоците кои ги внесувате овде ќе се појават на заклучениот екран кога некој ќе кликне на линкот за итни случаи. Ако Ви се изгуби телефонот случаен минувач кој сака да помогне може да најде начин да Ви го врати.

Зголемете го она што го гледа камерата – својството да се зумираат сликите може да е од помош во многу ситуации. За да го користите одете во Settings >General >Accessibility > Magnifier > on.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија