X
 17.05.2017 Живот

Советот на Бил Гејтс за дипломираните студенти

Бил Гејст го користи „ Twitter “ за да понуди неколку мудри зборови за генерацијата 2017.

фото извор: Getty Images

Прво споделил интересни информации за областа која би ја одбрал доколку би требало да ја започне својата кариера во 2017 година. Гејтс, кој се откажал од Харвард на втора година од студиите, вели дека имало неколку работи кој би сакал да ги знае кога си заминал од студиите.

Она што некогаш го поставувал како приоритет, со текот на времето започнало да го губи значењето. Гејтс вели дека би сакал да биде повеќе свесен за страдањето кое се одвивало на другите места во светот. Тој ги охрабрува новите дипломци да го искористат знаењето кое го поседуваат за да прават добри дела во светот, како и да настојуваат постојано да се надоградуваат.

Иако е најбогатиот човек на светот, со богатство од над 85 милијарди долари, тој вели дека тоа не му предизвикува радост.

Преку своите твитови тој изразува поддршка за сите оние кои во моментов се соочуваат со војна и страдање. Неговото верување дека светот може да биде подобро место е она што го води во животот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот