X
 17.05.2017 Технологија

Зошто хакерите ја сакаат валутата биткоин?

биткоин
Фото: Guardian

Во март 2009 година, претставници на агенции за криминал, вклучувајќи МИ6 и ФБИ, се собраа на затворена седница на конференција во хотел во центарот на Лондон. Темата: потенцијалната употреба на виртуелни валути од страна на организирани криминалци и терористи.

„Во тоа време, сите беа возбудени“, се сеќава д-р Сајмон Мур, поранешен амбасадор за технологија за британската влада, кој ја свикал седницата како претседател на меѓународниот конгрес за е-криминал. Онлајн виртуелниот свет, лансиран во 2003 година, им овозможи на корисниците да купуваат виртуелни добра во виртуелни линден долари, именувани по „Linden Lab“, компанијата позади играта.

„Некои ја користеа оваа валута за да купат виртуелни Пикасо за 500.000 долари, начин преку кој переа пари“, вели Мур.  

Една деценија подоцна, во ерата на дигиталната еволуција, истите тие агенции го апсорбираат влијанието на прилично различен и поширок опсег на протекување на сајбер безбедноста и потенцијално огромни импликации за тековната кривична валута на избор: биткоин, кој се појави онлајн неколку недели пред конференцијата во Лондон.

Жртвите на нападот „WannaCry“, кој започна во петокот, добија едноставна порака на екраните: ако сакате да си ги видите вашите компјутерски датотеки, платете 300 долари во следните 72 часа, и ние ќе ви ги отклучиме, без никакви прашања. Нападот се рашири автоматски помеѓу компјутерите со застарени безбедносни системи, засегнувајќи стотици илјади корисници во голем број организации.

Во најраните денови на ваквите напади, хакерите испраќаа меил со „невин изглед“ кој содржел линк кој кога корисниците ќе го кликнеле, на хакерите им нудел пристап до мрежата, меѓутоа начините за плаќање биле ограничени. „Хакерот испраќал порака парите да бидат доставени преку „Western Union“ или банкарска сметка, меѓутоа трансферот секогаш можел да се следи, откако властите беа вклучени“, вели д-р Кевин Куран, професор по сајбер безбедост на Универзитетот во Алстер. Првиот „Ransomware“ напад се случил во 1989 година, кога тројански коњ вирус се заканил дека ќе шифрира датотеки, за што се барал откуп од 189 долари, кој требало да биде испратен на адреса во Панама.

Потоа дојде биткоинот, виртуелна криптовалута измислена од Сатоши Накамото, алијасот на анонимен програмер, лансиран во 2009 година. Нуди две предности за сајберкриминалците: оперирање како децентрализирана валута со која луѓето плаќаат без посредник, и обезбедува доста анонимност. Биткоинот, кој сега вреди 1.300 еден, може да се чува во виртуелни паричници идентификувани само со број. Околу 6 милиони луѓе имаат ваков паричник, а парите ги трошат на билети за театар, пиво и слично, од трговци кои ја прифаќаат оваа валута, како и недозволена стока, вклучувајќи дрога и оружје на виртуелниот црн пазар.

Користењето на валутата е лесно, и поради тоа компјутерските криминалци започнуваат вакви напади. „Ако имате вештини да влезете во нечија „iTunes“ сметка, тогаш можете да преземете алатки за напад, софтвер и да започнете со дистрибуција, вели Дејвид Принц, сајбер специјалист.

Девелоперите на ваквите алатки прават пари со што земаат дел од добивките на криминалците. Барањата за откуп намерно се направени достапни, со инструкции како да создадете виртуелен паричник, да купите доволно биткоини и да платите во замена за код кој ќе ги отклучи податоците од вашиот компјутер.


Аналитичарите велат дека таргетираните компании и големите банки складираат биткоини како резерви за откуп.


Сепак, некои експерти велат дека не сè што е поврзано со валутата е темно, и таа не била создадена за криминална употреба. Поголемиот дел од употребата е за чиста економија.

Мур вели дека дел од моќта на валутата е во нејзината употреба како инструмент за тргување - дигитално злато - меѓутоа и како начин за компаниите да исплаќаат поевтино и да вршат други функции. Меѓутоа експертите се сомневаат дека проблемите со кредибилитетот го ограничуваат легитимното ширење на оваа валута. Но, Мур е оптимист во врска со моќта на оваа валута да го промени животот и верува дека нејзиниот интензитет е неодолив.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија