X
 19.05.2017 Образование

Матурантите се заколнаа на толеранција и ненасилство и одиграа „квадрил“ на плоштадот „Македонија“

Матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на Штраусовата опера „Лилјакот“. Пред да почнат да танцуваат тие положија заклетва за ненасилство и толеранција.


 

На годинешната „Матурска парада” во Скопје учествуваа повеќе од 1.000 ученици од повеќе средни училишта во Скопје, како и матуранти од Струга, Охрид, Струмица и од  Гевгелија. Со нив танцуваа матуранти од 120 града во 15 држави од централна и југоисточна Европа.



-  Матуранти, со завршувањето на средното обрзование, пред вас стојат многу можности. Ви посакувам да ги искористите новите предизвици кои, искрено се надевам, ќе успеете да ги совладате со својот младешки елан, енергија и ентузијазам. Денеска ќе се поврзете со уште стотици и илјадници матуранти од повеќе европски градови и ќе се приклучите на новата армија млади луѓе кои ги следат новите текови на прославување, но и на обединување - рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.








Тој ја отвори оваа единаесетта по ред „Матурска парада“, а на неа присуствуваа и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Градот Скопје е покровител на годинешнава „Матурска парада“, а нејзини организатори се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“. Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
Подготвил: Н.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование