X
 22.05.2017 Препорачани огласи

Стипендија за постдипломски студии во вредност од 1.000 евра / месечно



КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО ГРЦИЈА ЗА АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА
Компанијата ОКТА АД-Скопје заедно со Хеленик Петролеум Групацијата доделува стипендија за Постдипломски студии по енергетика, право и економија на Универзитетот на Пиреја 

Програмата на постдипломските студии се изучува на англиски јазик и се одвива во два семестри. Потоа студентите работат на својот магистерски труд. Предавањата започнуваат на есен и ќе се одвиват во период од 11 недели во секој семестар.

I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
1. Да има завршено академски студии од прв циклус на: Технолошко металуршки факултет, ПМФ – Институт за хемија, Економски Факултет – Финансии, Правен Факултет – Политички науки. Апликации од студенти кои очекуваат да ги завршат додипломските студии во септември 2017 година се прифаќаат.
2. Постигнат просечен успех од најмалку 8.00;
3. Да има доказ за активно познавање на англиски јазик (TOEFL или IELTS);
4. Да не е корисник на стипендија од други даватели;
5. Да биде државјанин на Република Македонија.

Кандидатот ќе биде избран од страна на факултетот, а селекцијата на кандидатите ќе се врши според строги критериуми врз основа на академски успех, професионално искуство, јазична умешност/повеќејазичност, професионални перспективи, итн.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
1. Пријава (формулар достапен на интернет страната на Факултетот)
2. Копија од диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (преведени на англиски јазик од овластен судски преведувач)
3. Две препораки на англиски јазик од професори и/или работодавци
4. Уверение за активно познавање на Англиски јазик, TOEFL или IELTS
5. Две нови фотографии

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, како и трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно.

IV. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус во Грција е најдоцна до 26.06.2017 година.

Документите може да се достават по пошта на следнава адреса:
Masters Program in Energy University of Piraeus, Department of International and European Studies. 80 Karaoli & Dimitriou str., PC 185 34, Piraeus

Откако апликацијата ќе биде испратена по пошта, Ве молиме да не информирате за истото на следнава е-маил адреса: mstavreva@helpe.gr

За повеќе информации контакт лице:
Мариана Балтас +389 2 2532 565, e-mail: mbaltas@helpe.gr

Активен до:    26.06.2017

Издвојуваме

Препорачани огласи