X
 23.05.2017 Живот

Дијамант купен за 10 фунти ќе се продава на аукција за 350 илјади фунти

Дијамантски прстен купен за 10 фунти на аукција за продажба на автомобили пред 30 години, се очекува да достигне цена од 350 илјади фунти на нова аукција.

фото извор: Sotheby's

Сопственичката сметала дека предметот е парче накит кога го купила во Лондон во 80-те години. Несвесна дека е 26 каратен бел дијамант од 19 век, таа го носела секојдневно со децении.

Сопственичката која не сака да и се знае идентитетот не претпоставила дека е скапоцен камен бидејќи бил прикачен за валкан приклучок и немал сјај како дијамант. Исто така, стилот на дијамантот бил поразличен од оној од помодерниот период, па можно е да не се препознае дека се работи за толку вреден предмет.

Дијамантот по цели 30 години бил тестиран во САД и била откриена неговата вредност.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот