X
 23.05.2017 Живот

Почина Роџер Мур

мур
Фото: ITV/REX

Англискиот актер и филантроп, сер Роџер Мур почина во 89-та година. Тој се прославил со улогите како Сајмон Темплар во популарната серија „The Saint“ од 1960-те и подоцна како тајниот агент Џејмс Бонд во седум филмови од истоимената филмска франшиза.

Семејството на прославениот актер веста за смртта ја објави на „Twitter“.

Во соопштението стои дека починал во Швајцарија, после кратка, но храбра битка со ракот.

„Љубовта со која беше опкружен последните денови од животот беше толку голема што не може да се искаже со зборови. Знаевме дека нашата љубов и воодушевување ќе бидат зголемени неколку пати ширум светот од луѓето кои го познаваа по филмовите и сериите кои ги снии, како и по работата за УНИЦЕФ“, се наведува во пораката потпишана од неговите деца, ќерката Дебора и синовите Џефри и Кристијан.

Неговиот погреб ќе се одржи во Монако, во приватна церемонија.

Роден е на 14 октомври 1927 година во јужен Лондон. После професијата манекен на почетокот на 50-те, потпишал седумгодишен договор со студиото „MGM“, после кој следувала кариера долга седум децении.

Најмногу ќе остане запомнет како третиот глумец по ред во франшизата Џејмс Бонд. Во овие филмови се појавил седум пати. Во 2008 година ја објавил автобиографијата „My World Is My Bond“, каде открива детали во врска со оваа улога. Во 2004 година американската филмска академија го прогласи за најдобар Бонд.

Бил плејбој на екраните, но и во приватниот живот. Бил оженет четири пати, а со третата жена, Италијанката Луиза Матиоли, имал три деца. Бил голем пријател со актерката Одри Хепберн, која го инспирирала да стане амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ во 2001 година, што ја смета за својата најголема улога.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот