X
 23.05.2017 Наука

Русија повторно активира три мистериозни сателити

Трите руски сателити кои беа испратени во орбитата во 2013 година, повторно се во движење и никој нема информации за што тие служат.


Некои експерти сметаат дека сателитите можно е да бидат демонстратори на технологијата или претходници на орбитални оружја. „Kosmos-2491“, „Kosmos-2499“ и „Kosmos-2504“, маневрирале неколку пати во последните три години, па се претпоставува дека можеби се работи за инспекциски сателити кои можат да ја скенираат и да ја споредат орбитата на други вселенски летала, можеби и физички да стапат во интеракција доколку е потребна поправка, модификации или уништување.

Можно е сателитите да се користеле и за војување, бидејќи експертите сметаат дека сателитите може да се опремат со ласери, а и во нив да се постават експлозиви. Уште во 2012 година Америка предупреди на непријателско лансирање на сателити, а загриженост се појави и заради способноста на Кина да нарушува сателити во орбитата.

Сепак, од Руската вселенска агенција во 2014 година информираа дека сателитите се за мировни цели.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука