X
 25.05.2017 Култура

Пиратите од Карибите...од денес во Синеплекс

ПИРАТИТЕ ОД КАРИБИ: ОДМАЗДАТА НА САЛАЗАР

 

Капетанот Џек Спероу открива дека лошите ветрови дуваат посилно кога духовите на мртвите пирати, предводени од неговиот стар непријател Капетан Салзар, ќе избега од Ѓаволскиот Триаголник и одлучува да ги убие сите пирати на море... вклучувајќи го и него. Единствената надеж за преживување на капетан Џек е да го пронајде легендарниот трозабец на Посејдон, моќен артефакт кој дава контрола врз морето на оној што го поседува.

КРУГ

 

Меј Холанд (Ема Вотсон) добива животна шанса да работи во најмоќната компанија на светот за технологија и социјални медиуми. Охрабрена од основачот на компанијата (Том Хенкс), Меј се приклучува на пионерски експеримент што ги поместува границите на приватноста, етиката и личните слободи. Набрзо, нејзиното учество во експериментот и секоја одлука што ја прави, почнуваат да влијаат на животите на нејзините пријатели, семејството, па и на човештвото.

ПАРИЗ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА

 

Ана, наизглед среќно мажена жена, тргнува на пат до Париз со деловниот партнер на нејзиниот маж. Она што требаше да биде пат од седум саати, се претвора во вистинска дводневна авантура која ќе и го промени животот. Добрата храна, виното, француски хумор, знаменитостите и романтиката и дадоа нова страст за животот. Алек Болдвин, Дајана Лејн и францускиот глумец Арно Вијар во романтичната комедија Париз може да почека.

ЧУВАРИ НА ПЛАЖА


 

Посветениот спасувач на плажа, Мич Бјукенен, заглавува со новиот регрут. Заедно тие откриваат локален криминалистички заговор кој претставува заканува за иднината на заливот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура