Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажман на волонтер за поддршка на проектите кои се во процес на спроведување. Огласот е отворен до 07.06.2017 година.
Времетраењето на ангажманот е предвидено до 3 месеци во зависност од динамиката на реализацијата на предвидените активности. Компензацијата се врши согласно Законот за волонтери.
Како услови за волонтирање ЕПИ го наведува следново:
● Завршени додипломски студии (правни, политички, економски науки);
● Солидно познавање на англискиот јазик; се претпочита познавањето на албанскиот јазик;
● Солидно познавање на Microsoft Office (особено работа со Excel);
● Способност за работа и функционирање во тим.
ЕПИ на своите волонтери им нуди стимулирачка средина за надградување на нивните знаења за европските прашања и спроведување на ЕУ проекти преку нивно вклучување во сите активности на Институтот и менторство во текот на нивното волонтерство.
АНГ: http://epi.org.mk/newsDetail.php?nwsid=172
АЛБ: http://epi.org.mk/newsDetail_al.php?nwsid=172
Аплицирајте преку испраќање на резиме и мотивационо писмо на следнaтa електронскa адресa:
vaska.ristovska@epi.org.mk