X
 26.05.2017 Образование

Отворен ден на Институтот „Данте Алигиери“ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност



Институтот Данте Алигиери во Скопје и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност имаат чест да ве поканат на зеднички Отворен ден кој ќе се одржи на 29Мај во понеделник од 11-13 часот во Канцеларијата на Секретаријатот за европски прашања, Плоштад Македонија (спроти Тренд) .


На настанот ќе имате можност да се запознаете со активностите на Институтот:
- јазични курсеви по италијански јазик
- испити за добивање на сертификатот PLIDA за познавање на италијанскиот јазик
- активности за промоција на италијанскиот јазик и култура (Кино клуб, Недела на италијанскиот јазик, Клуб на читатели).

На настанот ќе се запознаете и со можностите на програмата за мобилност Еразмус+, која оваа година одбележува 30 години од своето постоење.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование