X
 26.05.2017 Живот

Временска прогноза за наредниот период... Од понеделник стабилизација на времето!

Денес е петок, 26 мај 2017 година, 146-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:00, а ќе зајде во 20:00 часот. Денот ќе трае 15 часа и 00 минути.

Како што и вчера најавивме врнежите од дожд кои што продолжија во текот на ноќта четврток кон петок, продолжуваат и денес во утринските часови кога насекаде во Македонија имаме облачно време со врнежи од дожд кои што во централните и источните предели се од поинтензивен карактер и ќе продолжат и во наредните часови.

МАКЕДОНИЈА – Поинтензивните врнежите од дожд што ги имаме во утринските часови ќе продолжат и во текот на денот и ќе доминираат во источната половина од Македонија каде што локално се очекуваат да надминат и 30 литри, а во останатите предели ќе бидат сосема слаби и локални врнежи. Во текот на денот ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер. Минималните температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска се очекува претежно облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, додека пак максималната дневна до 17 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота умерено облачно време со повремени и локални врнежи од дожд, претежно во попладневните часови но и потопло време со благ пораст на дневните температури. Минималните од 6 до 15 степени, а максималните дневни од 12 до 22 степени. Во недела намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди па ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне во јужната половина од Македонија со услови за слаби и локални врнежи. Утринските температури од 4 до 13 степени, а дневните од 17 до 27 степени. Во понеделник и вторник стабилизација на времето, ќе биде претежно сончево и топло време со осетен пораст на температурите. Минималните од 3 до 12 односно од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од 19 до 29.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот