X
 26.05.2017 Култура

Зошто „Guardians of the Galaxy Vol.2“ е најзабавниот филм за оваа година?

Уште од премиерата на првиот дел на „Guardians of the Galaxy“ во летото 2014 година, фановите на „Marvel“, филмските фанови и фановите на Крис Прат со нетрпение го чекаа продолжението.

film
Фото: Disney

За среќа, на чекањето му дојде крај, па сите фанови можат да го погледнат. Духот на филмот, незаборавните ликови и модерната музика нудат прекрасна свежина и различна од било кој друг „Marvel“ филм. Критичарите се согласуваат дека „Guardians of the Galaxy Vol.2“ не разочара.

Иако филмот не е толку свеж како оригиналот, сепак станува збор за нешто што мора да го погледнете.

Еве што велат филмските критичари за овој филм.

1. Ист е како првиот; и тоа е добра работа


„Сите продолженија ги повторуваат најдобрите трикови од нивните претходници, но изборот на трикови на режисерот Џејмс Ган е многу позабавен од сите останати“ - „Slate“.

2. Го одржува духот на оригиналот кој фановите го засакаа толку многу

„Како и многу други продолженија, и „Guardian of the Galaxy Vol.2“ не е толку забавен, паметен и свеж како оригиналниот филм, меѓутоа успева да привлече со светлината и сјајот“ - „Chicago Sun-Times“

2
Фото: Marvel

3. Како и првиот, станува збор за филмска магија


„Навистина се забавував на кино со ист интензитет како кога го гледав оригиналот. Ова е забавата која ме натера да ги сакам филмовите како дете. Затоа рецензирам филмови“
- „Tri-City Herald“

4. Визуелно ремек дело

„Хиперболична глупавост завиткана во неонски бои на виножитото, потскокнувајќи низ едно чукнато уметничко сценарио. Де футуристички, де прастари елементи. Станува збор за најбудалестото галактичко возбудливо шоу“ - „Minneapolis Star Tribune“

5. Едно од најдобрите продолженија низ годините


„Ган ни даде извонредно парче забава со многу акција, генијални идеи и визуелни ефекти со кои бевме вклучени на секое ниво. Тоа е што се бара од еден филм, посебно продолжение“ - Леонард Малтин

3
Фото: Disney/Marvel

6. Приказната не е толку забавна колку визуелните ефекти


Филмот навистина привлекува, меѓутоа повеќето поради визуелните ефекти отколку поради приказната“ - „New York Times“

7. Приказната е малку застарена, но во целост успева да ги надмине недостатоците


Филмот е малку повеќе фокусиран. Сепак, станува збор за имагинативна глупост која уште еднаш го одразува уникатниот сензибилитет на Ган“ -
„St.Louis Dispatch“

„Преполн е како и повеќето продолженија, ама барем полн е со добро расположение“
- „New York Post“.

Филмот се наоѓа на репертоарот на СИНЕПЛЕКС
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура