X
 27.05.2017 Наука

Погледнете како „пулсира“ Арктикот во зависност од годишното време


Арктик
(Фото: Pixabay)

Климатските промени се сè повидливи, а она што останува по топењето на мразот изгледа како желе.

Не е тајна дека климатските промени имаат влијание и врз Арктикот. Сепак, едно е да се прочита текст, а сосема поинаку е да се сведочи за тоа.

На видеото може да се проследи анимација која ја објаснува научникот од НАСА, доктор Валт Мејнер. Видеото ги документира промените меѓу 1984 и 2016 година, и го прикажува намалувањето на количината на арктичкиот мраз. Со намалувањето на важниот слој од мраз кој настанал со текот на времето, остатокот од ледената покривка изгледа како „желе кое пулсира во зависност од годишните времиња“, стои во репортажата на Openculture.

Во следното видео можете да проследите што би се случило кога би се истопил целиот мраз, а нивото на морето би се подигнало за повеќе од 65 метри.




Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука