X
 28.05.2017 Образование

Децата и градинките - чувствителен однос на кој треба да му се пристапи со внимание

Децата многу поинаку размислуваат од возрасните, имаат посилни емоции и се многу поискрени. Токму заради тоа треба да се размисли за многу работи пред да тргнат во градинка.

деца


Секое дете различно реагира на запишувањето во градинка и не постои шема по која треба да се однесувате со него, но има некои нешта кои се основни.

Бидете искрени

Како што искреноста се почитува кај возрасните, истото е и случај и со децата. Разговарајте за тоа зошто е потребно да биде во градинка, наведете ги позитивните страни на градинката. Исто така имајте предвид дека секое дете не се прилагодува на ист начин и со помош на воспитувачите тој процес може да биде побавен.

Очекувани реакции на децата

Секое дете различно реагира на нова средина и нови луѓе. Многу е важно за почеток да биде во добар однос со воспитувачите. Тие се меѓу Вас и Вашето дете за време на престојот таму. Кажете му дека го оставате во сигурни раце. Ако покажете дека Вие сте несигурни може негативно да влијае на детето.

Детето можеби ќе плаче, ќе се валка на подот, ќе одбива да јаде или слично, но не смеете да го прекинете прилагодувањето. Ако непрекинато плаче со денови, немојте никако да го оставате кај неговите баба и дедо затоа што би можеле да постигнете контраефект.

Што Вие треба да направите?

Она што како родител би можеле да го направите е да доаѓате на време по него. Секогаш слушнете што има да Ви каже за изминатиот ден. На тој начин се создава рутина која ќе Ви помогне да ја разберете целата организација, но и Вашето дете и тоа секој ден сѐ повеќе. За полесно да се прилагоди на градинката играјте со него дома од игрите кои тој ги игра таму.

Пишува: Mr No
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование