X
 28.05.2017 Култура

Работи кои беа популарни во далечната 1998 година

1998 година се чини како да била пред многу време. Некои случувања, филмови, песни и мода кои во тоа време настанале и биле популарни, денес за нас се чинат толку далечни.

По малку носталгично, извлековме неколку работи кои се случиле токму во 1998 година.

1

Во Република Македонија се формира политичката партија Демократска алтернатива, на чие чело беше избран д-р Васил Тупурковски.

2

На 17 јануари за првпат била објавена веста дека американскиот претседател Бил Клинтон имал афера со практикантката Моника Левински. Скандалот стана познат како Моникагејт.

3

Започнува со работа Канал 5 телевизија.

4

На 23 март на 70-то доделување на Оскарите, „Titanic“ освои рекордни 11 Оскари од вкупно 14 номинации.

4

На 6 мај, „Apple“ најави нова линија на компјутери - „iMac“



На Евровизија 1998 година, Македонија ја претстави Владо Јаневски со песната „Не зори зоро“.

6

Двајцата студенти, Лери Пејџ и Сергеј Брин ја основаат компанијата „Google Inc.“




Непознатата 17 годишна Бритни Спирс на 23 октомври ја објавува дебитантската песна „Baby One More Time“ која веднаш стана хит.

vardar

ФК Вардар го освои купот на Македонија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура