X
 30.05.2017 Култура

Професорот Балтазар денес го прославува педесеттиот роденден

Првата епизода, односно пилот епизодата, била создадена и емитувана во 1967 година, а после неа следуваа уште 58 во период од 11 години.

baltazar

Во пилот епизодата, „Пронаоѓач на чевли“, ликот на идниот омилен јунак е малку поинаков - има црвена коса и брада. Дури подоцна ќе ги добие неговите карактеристични комбинации.

Градот каде што живее дедото (се претпоставува дека станува збор за Ријека, поради погледот кон морето, а потоа и хоризонтите на Горен Град), а и волшебната машина со чија помош ги решава сите проблеми, е различна. Но, уште на почетокот овој најуспешен проект на школата од Загреб, бил наменет за меѓународниот пазар, па се внимавало на деталите, од името на пронаоѓачот, до имињата на луѓето и животните, кои се сите универзално препознатливи, а меѓусебно комуницираат со мрморење, извици и воздишки.

Од првата до последната епизода на Балтазар, тој е претставен како добар и мирољубив, секогаш филантропски и еколошки насочен, дури и во време кога се мислело дека човек може и смее бескрајно да ги троши природните ресурси, да фрла во реките и океаните сè што ќе му текне. Пропагирајќи пријателство, разбирање, взаемна помош и грижа за светот во кој живееме, Балтазар стана безвременски херој и пример за сите.

Авотр и концептуален лидер на екипата бил Златко Гргиќ, а меѓу најблиските соработници биле Анте Заниновиќ, Павао Шталтер (професорот кој му го дал името Балтазар), Борис Колар, Милан Блажековиќ. За сценографијата бил задолжен Златко Боурек, додека препознатливата музика ја создал Томислав Симовиќ.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура