X
 30.05.2017 Култура

Стинг:„Една од придобивките на успехот е слободата, способноста да правите што сакате“

Скоро сечија плејлиста вклучува барем една песна од Стинг или од неговиот првичен бенд, „The Police“. Со музичка кариера која трае повеќе од 40 години, оваа музичка икона придонесе толку многу за уметноста преку филантропијата и активизмот. На 15-ти октомври ќе го гледаме во живо во Скопје.

стинг
Фото: Getty Images

Ви нудиме дел од неговите мудри мисли и инспиративни пораки.

- „Прифаќањето на смртта ви дава поголем удел во животот, во живеењето среќно, бидејќи треба да се живее. Да се живее во моментот“.

- „Чувството на неуспех, не знам каде оди кај луѓето кои не пишуваат песни и не можат да ги искажат чувствата физички. Тоа мора да оди некаде“.

- „Една од придобивките на успехот е слободата, способноста да правите што сакате“.

- „Се плашам да се налутам - тоа е мојот страв“.

- „Не можам да си го променам животот за да им угодам на луѓето кои се љубоморни. Не гледам зошто би требало“.

- „Логичкиот процес често пати е оној сигурниот. Имам тенденција, кога ми е дадена шанса, да одам по пат кој не е безбеден“.

- „Љубовта е посилна од правдата“.

- „Мислам дека љубовта е поврзана со тоа да ѝ дозволите на личноста што ја сакате да влезе во поголема арена од онаа која вие сте ја создале за неа“.

- „Нема потреба да создадам траума за да бидам креативен. Имам голем резервоар на тага или емоционална траума“.

- „Сфаќам дека ништо не е онака како што изгледа“.

- „Успехот секогаш бара одреден степен на суровост. Ако ми е даден изборот на пријателство или успех, јас веројатно ќе изберам успех“.

- „Не мислам дека среќата е причината поради која сме тука. Мислам дека сме тука да научиме и да се развиваме, а потрагата по знаење е она што ја намалува болката од тоа да се биде човек“.

- „Никогаш не сум изгубил перспектива за тоа кој сум. Можеби накратко, но генерално сум прилично избалансиран“.

- „Станав познат преку ноќ. Од ништо станав нешто големо“.

- „Дозволете вашата душа да биде вашиот пилот“.

- „Мора да бидете себеси. Останете верни на тоа кои сте и што сте. Ако луѓето и понатаму ве сакаат, одлично! Ако не, тоа е нивни проблем“.

- „Мажите полудуваат во групи. Подобри се сами“.

- „Во мојата мисија да станам единствен, станав статистика“.

- „Многу луѓе пристапуваат кон ризикот како непријател кога тој е соучесник на судбината“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура