X
 31.05.2017 Образование

Нов декан и продекани на Факултетот за безбедност - Скопје

Нов декан на Факултетот за безбедност-Скопје е професорот Никола Дујовски, продекан за настава професорот Наташа Пеливанова, продекан за меѓународна соработка доцент Раде Рајковчевски и продекан за наука и развој доцент Марјан Ѓуровски. Мандатот на ново избраниот деканатски раководен тим  на Факултетот за безбедност започнува од 13 Јуни 2017 година.



Во програмата за работа на оваа високо образовна институција за престојните четири години  се предвидени 97 мерки и активности кои ќе придонесат за промена на ликот и местото на Факултетот за безбедност. Преку нив се проектира значаен прогрес на Факултетот во високообразовна установа од областа на безбедноста, која и понатаму ќе ја развива науката за безбедноста следејќи ги современите европски практики и стандарди, зголемување на содржините, подобрување на наставно-образовниот процес и користење на современи методи на пренесување на знаењето.

До 2021 година како основна задача на новиот менаџерски тим на Факултетот за безбедност – Скопје која си ја има зададено, според новиот декан Никола Дујовски е целосно иновативен и уште попрепознатлив да биде Факултетот за безбедност во странство како реномирана институција за образование, истражување и развој во полето на безбедноста. Воедно и да даде придонес за зголемување на стабилноста и безбедноста во општеството преку учење и спроведување на истражувања и развојни активности во полето на безбедноста, нагласи новиот декан на Факултетот професор Дујовски.

На денешната седница на Наставно-научниот совет на Факултетот за безбедност-Скопје му беше искажана голема благодарност и почит од страна на сите професори на досегашниот Декан на Факултетот за безбедност-Скопје професор Оливер Бачановиќ кој во изминатите четири години успешно ја раководеше оваа високо образовна институција.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование