X
 01.06.2017 Образование

Давор Данилоски, студент на УКЛО: „Еразмус+ беше една од најдобрите одлуки за професионално усовршување“

Еразмус, неколку букви, а значат многу. Здраво на сите. Јас сум Данилоски Давор, студент на мастер студии на ТТФ, во областа на Управување со Квалитет и безбедност на храна, како дел од гранката на УКЛО.

1

Во зимскиот семестар 2016/2017 имав можност и со право би рекол и привилегија да оваа година бидам дел од Еразмус + тимот кој што отпатува надвор од границите на нашата земја, за едно ново и прекрасно искуство кое сигурно не би можел тука или лично целосно да го опишам. Околу самата програма не би зборувал премногу, сигурен сум дека повеќето од Вас се запознати со целиот пат од апликација до заминување во посакуваната институција.

Како личност која што премногу размислува – пред да донесе одлука, така беше и овај пат. Каде сега? Сум бил на многу места во светот, професионално во областа во која што студирам. Бев скептик во прво време, дали да биде Хрватска или некоја друга подалечна земја. Во консултација со Еразмус координаторот од факултетот на кој што сум студент и претходни искуства од студенти, донесов одлука да биде Хрватска. Ниту во еден момент, ниту па сега јас не се каам или се повлекувам, бидејќи сум сигурен дека до сега ми била една од моите најдобри одлуки да заминам на професионално доусовршување. Имав можност да избирам помеѓу студирање или стажирање, па бидејќи ги бев положил сите испити кои беа дел од мојата програма за мастер студии, јас се одлучив на стажирање. Многу добро знаеме дека теоретски нашите факултети и тоа така добро не` учат, што бидете сигурни во тој дел ќе бидете меѓу најдобрите.

2

Мојата одлука за истражување како дел од мојата магистерска теза е пакување на храна, пермеабилност на полимерни фолии за пакување на храна, задржување и зголемување на оптималниот квалитет и безбедност на храната. Заедно со мојот ментор проф. Др. Анка Трајковска Петкоска, одлучивме да мојот стаж биде токму во Лабораторијата за пакување на храна при Прехрамбено биотехнолошки факултет, Универзитет во Загреб. Тимот со кој што работев, исклучително би сакал да кажам дека имаат една голема експертиза и врвни искуства во нив, со чија што помош се направи наголемиот дел од мојата магистерска теза. Во научно – истражувачката работа, навистина го имаат престижот како едни од најдобрите експерти во својата област во границите на Хрватска и се разбира меѓу одделите кои што работат во едни од најдобрите универзитети во Европа.

Секојдневните обврски, постојаната работа во лабораторија, постојаната посветеност од страна на професорите во тимот со кој што работев, направија една ново дефинирана личност од мене. Сега сум сигурен дека умеам и знам повеќе, дека треба да учам повеќе, да работам повеќе за да ја исполнам онаа моја цел која што сум ја „запишал“ во мојот животен пат.

Но, Еразмус + не понуди само експертиза и индивидуално-професионална надградба кај мене. Активностите кои беа организирани од Еразмус Загреб, постојаните патувања низ Хрватска и надвор во соседните европски земји, секојдневните дружби, новите и вистински пријателства, направија едно ново „Еразмус семејство“  од нас. Сега сум сигурен дека, имам пријател во Хрватска, Данска, Шведска, сега сум сигурен дека имам човек некаде во светот за кој сум знам дека ќе ми биде од помош еден ден.

студент

За крај на оваа „мала приказна без крај“  би сакал да се заблагодарам на на Универзитетот Св. Климент Охридски и целиот тим за интернационална соработка коишто беа постојано покрај нас, студентите, за сите совети, прашања и целосна поддршка. Големо благодарам на мојот ментор проф. Др. Анка Трајковска Петкоска, која што покрај своите обврки допатува и до Загреб и која што безусловоно е тука покрај мене во изработаката на мојата теза. Исто така големо благодарам на целиот тим од Универзитетот во Загреб. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование