X
 03.06.2017 Технологија

Фејсбук споменар: Вашите албуми повеќе не се само фотографии

fb

Веројатно на Фејсбук изминативе два дена забележавте известување за промена на алубумите кои сега можат да стнаат многу побогата база на вашите спомени. Станува збор за тоа дека Фејсбук одлучил да го редизајнира начинот на кој функционираат албумите.

Сега, освен фотографии во албумот ќе можеме да додадеме и видеа и пријави на локации, и обични текстуални постови.

Истовремено, од Фејсбук одлучија да го олеснат додавањето на пријателите кои можат да додаваат содржини во нашиот албум, а албумите ќе можеме да ги истакнеме на профилите. Сето ова би требало да обезбеди албумите да станат многу повеќе популарни.

Освен тоа, ќе можете да добиете и нотификации за албум на вашиот пријател, па ќе видите секој пат кога ќе додадат некоја нова содржина. Побогатите албуми прво се објавени за десктоп и Android, а подоцна и на iOS уредите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија