X
 03.06.2017 Живот

Какви се реакциите за повлекувањето на Климатскиот договор од страна на Трамп?

Најавата на претседателот Доналд Трамп дека САД се повлекува од Климатскиот договор склучен во Париз во 2015 година предизвика силни реакции од поддржувачи и противници од Америка и светот.

протест
Фото извор: Getty Images


„Нациите кои остануваат во Парискиот договор ќе бидат нации кои ќе го жнеат бенефитот во работите и индустриите кои се креирани. Верувам дека САД треба да бидат во предниот дел на пакетот. Но дури и во отсуство на американското лидерство; дури и со тоа што оваа управа се придружува на мал грст нации кои ја отфрлаат иднината, верувам дека нашите држави, градови и бизниси ќе истапат и ќе направат повеќе за да се заштити единствената планета која ја имаме за идните генерации,“ се вели во изјавата на поранешниот претседател Барак Обама кој учествуваше во потпишувањето на договорот.

„Ви тврдам со сигурност вечерва: нема повторно да преговараме помалку амбициозна спогодба. Нема шанси. Немојте да погрешите со климата. Нема план Б затоа што нема планета Б“, изјавил францускиот претседател Емануел Макрон.

„Не би сакал да го осудам претседателот Трамп сега, бидејќи претседателот Обама ја донесе релевантната одлука... Според мене, не беше неопходно САД да се повлече од Парискиот договор... Но, сѐ уште има време за ова ако работиме конструктивно, имаме време да се договориме нешто. Не грижете се – бидете среќни!“ Ова го изјавил рускиот претседател Владимир Путин.

„Климатските примени се реални. Повлекувањето од Парискиот договор не е добро за земјата и светот,“ Елон Маск, претприемач и извршен директгор на “Tesla Ink”.

„Претседателот Трамп може да го сврти грбот на светот, но светот не може да ја игнорира реалната закана за климатските промени. Одлуката е неморална навреда на јавното здравје, безбедност и сигурност на сите на планетата. Во име на граѓаните на Њујорк и заедно со градоначалниците низ земјата, се обврзувам да ги следам правилата од Париската спогодба со извршна наредба во деновите што следат, за нашиот град да остане дом за генерациите што допрва ќе дојдат“, изјавува градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио кој е од демократската партија.

„Без разлика каква одлука е донесена од Белата Куќа, градовите ги извршуваат нивните должности за да го имплементираат Парискиот договор. Нема алтернатива за иднината на нашата планета“, Ани Идалго, градоначалничка на Париз.

„Денес е тажен ден за глобалната заедница, бидејќи клучен партнер врти грб на борбата против климатските промени. ЕУ длабоко жали за унилатералната одлука од управата на Трамп САД да се повлече од Парискиот договор“, Мигел Ариас Канете, комесар на Европската комисија за климатски дејства.

„Длабоко сме разочарани што федералната влада на САД одлучи да се повлече од Парискиот договор. Канада е непоколеблива во нашите заложби за борба против климатските промени и поддржува чист економски развој“, Џастин Труди, канадски премиер.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот