X
 05.06.2017 Технологија

Фејсбук воведува нова чудна опција

опција
Фото: Gizmodo

Фејсбук „тивко“ додаде нова функција на вашите профили која ви овозможува да им кажете „здраво“ на вашите пријатели, со притискање на едно копче. Но, сето ова ви изгледа малку познато, нели?

Доколку кликнете на копчето за „Hello“, ќе ви излезе пораката: „(.... said hello to you. You can say hello back“).

hello

Фото: Gizmodo

Доколку го кликнете известувањето ќе ве одведе на страна која ги прикажува сите луѓе кои ви рекле „Hello“ заедно со опција да им вратите. Опцијата всушност е иста како „Poke“ од минатото. Но, не станува збор за замена на „Poke“ бидејќи оваа опција сè уште постои.

Останува прашањето зошто служи оваа чудна опција и дали ќе има некакво официјално објаснување од самиот Цукерберг.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија