Како и многу програмери Аманда Саутворт со нетрпение ја очекува својата прва еднонеделна конференција. На само 15 години таа е најмладата присутна на конференцијата за програмери на Епл, а ѝ е доделена и стипендија за да дојде и да присуствува на настанот.
Фото извор: Getty Images
Иако нејзината љубов кон програмирањето се родила на 6 години, дури во 7 одделение почнала да се предава целосно на истото минувајќи по 30 часа неделно работејќи на разни проекти.
На 12 години го напушта училиштето и се одлучува за домашно учење за да поминува повеќе време на активностите што ги сака без да си го наруши здравјето. Нејзината прва апликација е
AnxietyHelper е дизајнирана за млади луѓе со анксиозност и депресија, а содржи и насоки при соочување со напади на паника и бес. Истата има околу 1000 корисници.
Нејзината втора апликација се вика
Verena која нуди алатки на припадниците на ЛГБТ заедницата за да се чувствуваат безбедни. Таа им нуди на луѓето да најдат полициски станици, болници, засолништа, или други места кои нудат сигурност. Моментално работи и со преведувачи да ја направи достапна на уште 10 други јазици.
Нејзината крајна цел е да работи во вселенската индустрија. SpaceX е нејзиниот избор број 1.