X
 06.06.2017 Технологија

„Apple“ го претстави „iMac Pro“ - најдобриот компјутер на денешницата

ејпл
Фото: Apple

Последниот компјутерски изум на „Apple“ се случи пред една деценија. Стив Џобс го откри најтенкиот, најлесниот компјутер што некој некогаш го видел. Не било важно што чинел исто колку и автомобил на старо - еден поглед и човек знаеше дека тоа е иднината.

Од тогаш, напредокот на „Apple“ беше бавен, и не секогаш се чувствуваше како напредок. Новиот „MacBook“ е погладок и „Air“, но доаѓа со контроверзна нова тастатура и перформанси кои се вистински предизвик. „MacBook Pro“ има „TouchBar“ и висока цена меѓутоа ниту едно од овие не помина добро. А „The Air“ е одличен, меѓутоа „Apple“ не го има допрено повеќе од 2 години. „iMac“ е потенок меѓутоа во основа е ист.

Но, „Apple“ покажа дека уште се грижи за компјутерите. Го лансира новиот „iMac Pro“, моќен, 5K кој ја поседува изјавата: „Ако ви треба суперкомпјутер, тогаш „Apple“ е компанијата која го произведува“. „iMac Pro“ има процесор од 22 „teraflops“, меморија до 128 гига и 4 терабајти простор за складирање на податоци. Има и нов термички систем за ладење со два вентилатори, а дури има и нова тастатура и „trackpad“ кои се совпаѓаат.

Цената на компјутерот е 4.400 eвра, и дефинитивно машина која нема да биде потребна за секојдневно користење - „Apple“ има намера ова да биде машина за учење, виртуелна реалност и 3D рендерирање во реално време.

Исто така, компанијата најави дека ќе направи надградба на сите модели на „MacBook“ и „iMac“. Најголемата промена се процесорите, а најниската цена за „MacBook Pro“ и „Retina iMac“ е 1.150 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија