X
 07.06.2017 Образование

Гугл разви училишна настава која ќе им помогне на децата да се борат со тролови и хакери

Гугл наскоро ќе пушти во употреба едукативна програма да ги учи децата за злоупотреба на интернет, лозинки, и други безбедносни проблеми. Програмата се вика “Be internet awesome” и вклучува настава во училиница и видео игра која се вика Interland.

игра


Таа допира до проблеми кои ги засегаат сите возрасти, но се фокусира на децата. Овозможува учење за тоа како да се споделуваат лични податоци на интернет, како да се избегнат напади, како да се креираат силни лозинки и слично.

Програмата содржи вежби како правење на профил на социјална мрежа со информации, одговарање на проблематични пораки, и блокирање на потенцијални интернет насилници.

Видео игрите изгледа помалку како алатка за тренинг, а повеќе е со цел да ги заинтересира децата за материјата.

Дури и ако сето ова е ефективно за учење на децата за основните принципи на користењето на интернетот, не се знае како истото ќе се пренесе во реалноста. Но најпосле, станува збор за безбедност што е од особена важност во ерата на интернетот.


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование