X
 07.06.2017 Технологија

Оној што ќе ја открие грешката во системот Андроид, може да заработи 200 илјади долари


Логото на Андроид
(Фото: Pixabay)


Откако се објави дека малверот Џуди „заразил“ повеќе од 36,5 милиони  уреди кои користат Андроид, во „Гугл“ одлучиле да ја отворат „сезоната на лов“ за безбедносните пропусти.

Лицето кое ќе ја открие критичната грешка во системот Андроид , која би можела да загрози голем број апарати и да нанесе штета на милиони корисници, би можело да добие награда и до 200.000 долари.

Наградата се однесува за пронаоѓање на грешката во TrustZone  (технологија поврзана со чипови кои  ги обезбедуваат биометриските податоци и наредби за покренување на уредот) или во VerifiedBoots (софтверски дел кој  обезбедува системот да остане онаков како што го инсталирал производителот).

Програмата за наградување на откривањето на безбедносните грешки во оперативниот систем, „Гугл“ ја покренал пред  две години, но тогаш максималната награда изнесувала 50.000 долари.

Слични програми имаат и другите технолошки компании како „Епл“, „Фејсбук“ и „Мајкрософт“ кои во текот на минатите години исплатиле милиони долари како награди.

Се шпекулира дека „Гугл“ би можел и да го зголеми износот на наградата за лоцирање на грешката во системот Андроид, доколку се откријат и дополнителни критични безбедносни пропусти во истиот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија