X
 07.06.2017 Технологија

Што се случува со бескорисните веб страници после нивната вирална слава?

strana
Фото: Printscreen

„Fidgetspin“ е еден-клик веб страница, која веројатно ќе исчезне во заборав пред крајот на годината. Таа им овозможува на посетителите да вртат виртуелен фиџет спинер. Слично со страниците како чиваваспин, такоспин или ликспин, уживањето во нив е кратко, зависно од вашето откритие.

Ваквите страници продолжуваат да постојат во нивниот мал агол од интернетот, долго време после нивната вирална слава - како дел од „бескорисниот интернет“. Како жанр, бескорисниот интернет не е дури ограничен со форма. Тој може да биде самостојна страница, апстрактна флеш игра, заборавена мелодија.

Предизвик е да уживате во една ваква страница, без да барате друга. За среќа, постојат илјадници од кои можете да изберете, без разлика дали сакате да гледате катастрофално истурено шише кечап, да дознаете дали надвор е темно или светло, да зјапате бескрајно во вашата кофа меме и слично. Thiswebsitesaysitall.com e буквално веб страница која кажува сè. Endless.horse е коњ, прикажан преку хиреоглифи од тастатурата. Eelslap.com е интерактивна слика од човек кој постојано е удиран со јагула. Beesbeesbees.com е GIF од Опра која ѝ пушта пчели на публиката во студиото.

Како и било која друга вирална содржина, тие стануваат популарни со еден збор онлајн. Луѓето споделуваат линкови на форумите, им испраќаат смешни страници на пријателите или ги постираат на социјалните медиуми.

Девелопер од Германија, под името Мартин го создаде Индексот за бескорисна веб страница - сајт која се нарекува себеси најголемиот индекс на бескорисни веб страници во светот. Тој вели дека страницата започнала откако тој заедно со неговите пријатели ја поминале паузата за ручек на една глупава веб страница, посветена на мачката на нивниот колега.

Започнало како база на податоци за поддомен листа. „На почетокот имаше само краток текст и едноставно копче кое промовираше рандом бескорисни веб страници, но за брзо време сфатив дека морам нешто да понудам за посетителите да се вратат. Сега корисниците можат да учествуваат со додавање на страници“, вели тој.

До денес, Индексот има повеќе од 1.000 веб страници. Околу 75% од придонесите се предложени од корисниците. Мартин вели дека поминува пет часа неделно во одржување на страницата: архивирање на бескорисни страници, проверување на мејлот и создавање нови постови за функцијата - најбескорисна страница на неделата.

За него, инвестицијата е многу повеќе од колекција на дигитални глупости. „Интернетот е преполн со бескорисни веб страници. Мене не ми е важно колку долго ќе се задржите на некоја. Понекогаш поминувате само 10 секунди и зборувате за неа со години“, вели тој. За да биде бескорисна, една веб страница треба да е едноставно и директно да ве носи до целта.

Освен Мартин, тука е и „PointlessSites“, страница која ја има истата цел како Мартин - собирање на бескорисни интернет страници. Истото го прави и „InternetIsUseless“ на „Reddit“, кој е дом на над 700 корисници.

Сите овие страници се бескорисни - тие не мора да постојат. Но, овие експериментални глупости се дел од интернетот кој го губиме како што „news feed“ на социјалните мрежи го придобива целото време на луѓето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија