X
 07.06.2017 Живот

УТМС Ве поканува на незаборавна студентска забава на тема: GLOW IN THE DARK PARTY

Покрај својата препознатливост по методологијата на студирање, менторскиот пристап кон студентите, меѓународната мрежа и меѓународно препознатливата диплома, Универзитетот за туризам и менаџмент- Скопје е уникатно препознатлив и по студентските забави.



Оваа академска година, студентите на УТМС присуствуваа на врвни експертски предавања, реализираа практична настава, беа дел од размена на студенти преку Еразмус+ програмата, организираа наставно-научни практикуми, изработија истражувачки проекти, посетија саеми, беа дел и од други академски активности кои им ги збогатија професионалните компетенции . Токму затоа, сосема заслужено, на крајот на оваа извонредно успешна академска година, УТМС им приредува забава на тема: GLOW IN THE DARK PARTY.

На забавата се добредојдени студентите, членовите на алумни клубот и матурантите кои се во процес на избор на универзитет.

Присутните на забавата можат да очекуваат незаборавна журка. За да се постигне целта, потребно е да дојдете облечени во бело, а потоа да учествувате во креативните игри и боење со флуоросцентни бои.

УТМС ветува незаборавна забава!

Датум: 09.06.2017. – петок
Време: 21:00 часот
Локација: Плато пред УТМС
Дрес код: Бело
Препорака: Дојдете со добро расположение!

Повеќе информации за содржината на настанот на следнив линк: https://www.facebook.com/events/177729806090949/

Повеќе информации за УТМС: https://www.utms.edu.mk/
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот