X
 07.06.2017 Живот

Внимавајте да не наседнете: на „Фејсбук“ се појави лажна наградна игра!


Лажни авионски карти на „Емирејтс“
(Фото: Facebook)

На социјалните мрежи се појави „наградна игра“ на Emirates, која ги повикува корисниците да ја споделуваат објавата за да освојат бесплатни авионски карти. Но, се работи за лажна игра со која Emirates немаат никаква врска.

Emirates ќе додели две бесплатни карти по повод  33 роденден на компанијата“, пишува на линкот кој на корисниците им нуди можност да одговорат на три прашања за потоа  со споделување на  линкот на своите профили,  да влезат во трката по бесплатни карти. На некои други линкови пак, стои дека се работи за 34-от роденден, што веќе е еклатантен знак дека нешто сепак е сомнително.

Од авиокомпанијата соопштија дека се известени за измамата која се шири преку интернет и дека се работи за класичен „физинг“ кој го користат измамниците за да добијат пристап до чувствителните податоци на корисниците како лозинките, податоците од нивните кредитни картички и слично, пишува The Asian Connections.

Ако веќе сте наседнале на оваа измама, постои голема можност да станете жртва на кражба на лични податоци, па би било добро да ги ажурирате вашите лозинки и да бидете претпазливи кон сите сомнителни активности на вашите онлајн сметки.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот