X
 08.06.2017 Образование

Seavus едукативниот и развоен центар доделува целосни стипендии за Академските програми 2017/18

Seavus едукативниот и развоен центар го најавува традиционалниот, добро познат Challenge day, ден за тестирање на идните најперспективни генијалци во сферата на информатичките технологии и дизајнот. Целта на овој настан е тестирање за доделување на три целосни стипендии за Академските програми 2017/18 во SEDC кои ја сочинуваат: Академијата за програмирање, Академијата за компјутерски мрежи и Академијата за дизајн.


 
Овогодинешниот Challenge day, ќе се одржи на 19 јуни во просториите на едукативниот центар со почеток во 16 часот. Тестирањето се врши електронски и содржи прашања со повеќекратен избор. Прашањата се на англиски јазик и истите се избрани согласно насоката, дел поспецифични, но и општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на Академиите. Секој учесник има право да се тестира само за една насока од SEDC Академии 2017/2018.

Учеството на Challenge day е бесплатно, а пријавувањето за истиот се врши на следниот линк: https://goo.gl/mO1ebTб .
Последен рок за пријавување на настанот е 15 јуни (четврток).

Повеќе информации за Challenge day може да се погледнат на: https://www.facebook.com/events/219022485278889/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование