X
 09.06.2017 Образование

Денеска завршува учебната година

Учениците одат на распуст. Денеска за околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, е последниот училишен ден од учебната 2016/2017 година.



Оваа учебна година за првпат после четири години учениците не полагаа екстерно тестирање. Какви новини ќе ги чекаат во новата учебна година зависи од одлуките на новата Влада која најави значајни промени во образованието. Преиспитување на Кембриџ програмата, квалитетот на учебниците намалување на бројот на предмети, воведување на задолжително едногодишно предучилишно образование, можност за завршување средно и после две и три години се само дел од нив.

Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во средните училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29 јуни.

Матурантите, пак, утре на 10 јуни ќе полагаат тест по странски јазик. За англиски се пријавени најголем број кандидати (15.201).
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование