X
 09.06.2017 Образование

Иднината на образованието: „СИТЕ СМЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ“!

Постојат многу размислувања дека денешниот образовен процес е премногу крут, не флексибилен, бавен на промени, премногу насочен кон наставникот, оценувањето не соодветно, содржините и потребите на детето многу далеку од современиот живот, курикулумот тежок за најголемиот број ученици… Учениците на иста возраст и во исто време поаѓаат на училиште, во исто време завршуваат, имаат исти предмети, учат од истите книги, истите прашања и одговори, ѕвонче за почеток и крај, предметите се учат посебно итн.



Тој систем е поставен на парадигмата „оние кои можат (паметни, успешни)“ и „оние кои не можат (не се доволно паметни, губитници)“. Тоа е линеарен модел. Природата не го разбира тоа, не работи по тие принципи.

Дали ваквото образование ги задоволува потребите на луѓето?

Постојат многу граѓани и професионалци кои мислат дека ваквиот концепт на образование е добар, соодветен и дека не треба да се менува, па често поентираат со ставови од типот, „па како ние се школувавме и работевме“, „па што ни фалеше на нас“….итн.

Автор: Доц. д-р Кирил Барбареев

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк
Подготвил: Доц. д-р Кирил Барбареев

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование