X
 09.06.2017 Култура

Мадрид им забранува на мажите да се возат во јавен превоз со раширени нозе

Секој има право да се чувствува удобно кога се вози во јавен превоз, но прашање е што е културно однесување. Мадридската компанија за ова планира да воведе построги правила за мажите кои се возат со раширени нозе, односно истото да го забрани.

нозе
Фото извор: Wikipedia / Peter Isotalo

Компанијата соопштила дека ваквиот начин на седење им пречи на другите луѓе, а сите патници мора да бидат одговорни и да го почитуваат личниот простор на оние кои седат до нив.

За ова ќе биде поставен и нов знак заедно со знаците што се за забрана на пушење, за внесување на јадење и слично.

До овој потег доаѓа по повеќемесечната кампања на жените во градот кои покренале петиција за оваа забрана и кои за многу кратко време станале популарни на социјалните мрежи.

Однесувањето на мажите во јавниот превоз е окарактеризирано како „покажување на ‘мачоизам’ и микроагресивност која може да доведе до тоа личноста изложена на нив да се чувствува непријатно“.

Мадрид
за забраната го следи Њујорк, каде е воведена во 2014 година. Таму на почетокот полицајците ги апселе престапниците, но подосна биле ослободувани од обвинението.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура