X
 09.06.2017 Образование

Резултати од анкетата: Со поделбата на МОН ќе добиеме и подобро образование и подобра наука

„И подобро образование и подобра наука. Секако, со образован и стручен кадар вработен во министерствата“. „Подобра мотивација и повеќе ресурси, работа со стручен и професионален кадар кој ја познава работата. Образованието да се посвети на тој сегмент, а науката повеќе на пракса од теорија“. „Независност“. „Поголема автономија“.



Ова се дел од вашите одговори на анкетата „Дали Министерството за образование и наука треба да се подели?“, која пред две недели ја спроведе Факултети.мк.

Целта на анкетата беше да го опипаме пулсот за овој проблем за колку малку се говори, а јавни дебати скоро и да немало. Институтите во Македонија со години се жалат дека не добиваат доволно пари за својата дејност и за научни истражувања, дека науката е речиси колатерална штета на ресорот Министерство за образование и наука, каде најголем дел од парите се слеваат во секторот образование. Неодамна и универзитетските професори апелираа да се формира посебно министерство за наука, бидејќи за оваа намена се одвојува само 1 отсто од вкупниот буџет на МОН.

На анонимната анкета учествуваа вкупно 426 читатели. На прашањето дали Министерството за образование и наука е добро менаџиран ресор во Република Македонија, одговориле 422 читатели. Од нив 75,4 отсто (односно 318) одговориле негативно, додека 17,3 отсто, односно 73 читатели одговориле со „да“. Неутрален одговор дали 7,3 отсто.

Вкупно 325 испитаници (77,2 отсо) сметаат дека не се издвојуваат доволно пари за ресорот од вкупниот буџет. Задоволни со финансиите се 51 испитаник (12,1 отсто), додека 45 анкетирани (10,7 отсто) одговориле „не знам“.
Од вкупно 406 одговори, високи 87,4 отсто (355 испитаници) сметаат дека повеќе пари се издвојуваат за образование, а 51 читател смета дека повеќе пари се издвојуваат за наука. На прашањето дали состојбата ќе се подобри ако постојат посебни министерства, за образование и за наука, 286 читатели (67,6 отсто) сметаат дека тоа е добро решение, 18,7 отсто (79 испитаници) сметаат дека тоа нема да ги реши проблемите, додека 58 читатели не знаат.

Наскоро ќе ги објавиме и придобивките (или негативностите) кои ги наведоа учесниците од анкетата.
Подготвил: В.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование