X
 10.06.2017 Образование

Добијте стипендија за постдипломски студии на Филмската академија во Охрид и учете од професори на ФАМУ!



 

30 школарини во износ од 9000 евра ви се на дофат во претстојната студентска година



Ако ве интересира филмско сценарио, креативна продукција, режија, кинематографија, постпродукција на слика и звук, ваша идеална дестинација е Филмската академија во Охрид! До 30 јуни, без разлика какви додипломски студии имате завршено, можете да аплицирате за стипендија во износ од 9000 евра и да учите од врвни професори на Прашката филмска и телевизиска школа (ФАМУ), петтата најстара филмска школа во светот.



Ќе бидат доделени вкупно 30 стипендии, што ги обезбедува Министерството за образование и наука на РМ. Наставата се одвива на англиски јазик, а се користи најсовремена филмска технологија.

Институт за филм – Филмска Академија Охрид е прва филмска академија во Македонија, која се наоѓа во Охрид. Таа ја продолжува долгата традиција на дипломирани студенти на ФАМУ вклучуваат многу влијателни режисери и сценаристи, многу познати во меѓународен контекст, како добитници на Оскар и на награди на други филмски фестивали.

За повеќе информации, информирајте се на: www.filmacademyohrid.com, како и на Фејсбук профилот Film Academy Ohrid.

Филмот е уметност која поврзува група луѓе за одредена цел и најпосле сето тоа треба да изгледа како да е направено од еден. Тоа е едно од основните начела на секоја филмска академија, а е особено изразено на Филмската академија во Охрид, вели Димитар Димоски, постдипломец на насоката Креативна продукција.



Студенти со професорот Томаш Петран, режисер на документарни филмови од Чешка

-Студиите се интензивни, како во својата теорија, така и во практичната примена и сето она што се учи во училница, се обидува да се примени на сет. Сметам дека филмот не го прави само сценариото или само камерата или најдобриот кастинг, филмот покрај се, го прават луѓе, особено оние кои најдобро умеат. Филмската академија Охрид, во својата програма, умешно ги комбинира сите степени на филмкото искуство, почнувајќи го семестарот со теорија, потоа продолжувајќи во пракса – развој, претпродукција, продукција (која опфаќа цел семестар снимање вежби и кратки фиомови), постпродукција, сето тоа во соработка со тимови од продуцент, сценарист, режисер, камерман, монтажер – вели Димоски, 25.



Тој додава дека „она што е исклучително во студиите на Филмската академија Охрид е тоа што наставниот кадар е целосно посветен на секој студент поединечно, а знаењето го пренесуваат етаблирани имиња од филмскиот свет во Европа и пошироко“.
-Знаењето кое го пренесува филмаџијата од кинематографијата на која што припаѓа и различностите помеѓу студентите кои доаѓаат од сите страни на светот, придонесуваат подобро да се разбере филмот како уметност и истата да се создава размислувајќи пошироко и послободно – вели студентот.

ФИОФА е формирана во 2015 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование