X
 10.06.2017 Технологија

Елон Маск најави лансирање на ракетата која ќе пренесува луѓе до Месечината за 4 месеци

Елон Маск преку својот Твитер профил истакнал дека лансирањето на „Falcon Heavy“ ќе биде за неколку месеци. Се работи за ракетата која ќе ги пренесе првите вселенски туристи и ќе го одведе човештвото подалеку во вселената од кога и да е порано.

фото извор: YouTube

Вселенската компанија на Маск има бројни настани кои се планирани да се одржат наредните месеци. Со ракетата се планира еден ден луѓето да можат да се пренесат и до Месечината. Според Маск, под „наредни месеци“ се подразбира кон крајот на летото.

„Falcon Heavy“ ќе биде најмоќната ракета во светот, со способност за лансирање на 54 метрички тони товар и екипаж во вселената. Ракетата ќе се искористи за првите вселенски туристи, а се претпоставува дека тоа ќе се случи во 2018 година. Се очекува комплетното патување да трае 6 до 7 дена.

„Falcon Heavy“ исто така ќе одигра своја улога во подготовките за „SpaceX“ со намена за реализирање на првите мисии на Марс, закажани за 2025 година.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија