X
 10.06.2017 Технологија

Иднината на здравството од технолошка гледна точка

медицина
Фото: Army Medicine

Време е да започнеме да се однесуваме кон здравството со истата почит како кон музичките библиотеки. Време е да се персонализира менталното здравје и да се оптимизира физичкиот тренинг - сигурно дека не сакате да чекате за состанок со дипломирани студенти кои добиваат плата со шест цифри и користат стара технологија.

Време е за роботи

Тековните апликации за вештачката интелигенција вклучуваат голем број алатки кои ќе ја револуционизираат медицината, менталното здравје и физикалната терапија. Додека бизнисот и технологијата ќе имаат големи бенефиции, потребно е да се фокусираме и на апликациите за поединците.

Моето здравје е мој проблем


Податоците кои ги собираме од вештачката интелигенција ќе ги поттикне луѓето да ја преземат контролата врз своето ментално и физичко здравје. Машините кои учат може и треба да ги заменат традиционалните методи на лекување на пациентите.

Не живееме во совршен свет каде што секој има позитивно искуство со менталните здравствени проблеми. Реалниот свет уште не знае како да ги процесира фактите за анксиозноста и посттрауматскoто стресно пореметување. Воените ветерани не се справуваат добро и извршуваат самоубиства во рекорден број.

Иднината на здравството не се повеќе доктори туку повеќе програмери. Лабораторијата за вештачка интелигенција при Универзитетот Стенфорд прави визити на пациентите со „Woebot“, кој ги проверува пациентите. „Woebot“ поставува прашања и игра игри додека собира доволно податоци и подоцна дава предлози за третман.

И на други места истражувачите ги користат ботовите на вештачка интелигенција за подобро да се запознаат со нарушувањата како што е посттрауматскиот синдом, преку набљудување на ветераните, како што тие одговараа на конкретни прашања. Собраните податоци помагаат во унапредувањето на истражувањата за траумите од стрес и анксиозност.

Вештачката интелигенција може да се искористи да неинвазивен третман прилагоден онака како што му одговара на пациентот - без лекови или документи за осигурување.

Можеби се чини неодговорен повикот за крај на човечкиот аспект на третманот на пациентот - би биле навистина среќни кога би ги кажувале нашите симптоми на некој кој не му е смачено после прегледот на 25.000 пациенти на ден. Потребни ни се роботи кои ќе се сеќаваат на секој збор што сме го кажале и кои ќе користат напредни алгоритми за да ги утврдат најдобрите работи за нивните пациенти.

Без разлика дали станува збор за мотивација на физикалната терапија или стигма на менталното здравје - добро е сето она што им овозможува на луѓето да се чувствуваат подобро и да започнат со закрепнување. Напред роботски терапевти!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија