X
 11.06.2017 Наука

Пронајдени докази во Мртвото море за човековото влијание врз Земјината геологија

Научниците ги откриле најраните навестувања за промените на Земјиниот геолошки процес, предизвикани од човекот. Тие покажуваат дека луѓето влијаат на климата на планетата и еко-системите речиси 11.500 години.

фото извор: Samantha Scholl/Unsplash

Основан на примероци од Земјината кора од Мртвото море, степенот на ерозија во пределот бил комплетно некомпатибилен со сето она што се случувало на други локации во тој временски период, па се смета дека човечкото влијание оставило длабока трага уште порано отколку што мислиме.

Резултатите произлегуваат од проект кој вклучувал дупчење во Мртвото море, со дупчалка долга 457 метри. Со тоа, научниците имале можност да пристапат кон собирање примероци од изминатите 220.000 години, па пронашле корелација помеѓу почетоците на агрикултурата во регионот, аномалиите во ерозијата и депозитите на песок. Откриле дека има 3 до 4 пати повеќе нанос во регионот за време на сезонските поплави во претходниот милениум, а тоа се совпаѓа со најраните населенија од луѓе во тој регион.Тимот истражувачи смета дека како што природната вегетација била заменета со земјоделски култури и како што уништувањето на шумите било заменето со тревопасни животни кои ги намалиле природните растенија и трева, ерозијата била олеснета пред 11.500 години. Таа промена не би можела да се забележи во постарите наноси кои датираат пред 220.000 години.

Ова откритие не само што покажува дека влијанието на човекот врз планетата започнало многу порано, туку и дава убид во она што би можело да се случува во иднина.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука