X
 12.06.2017 Култура

Што би се случило во случај на нуклеарен напад врз Северна Кореја?

ким ун

Иако претседателот на Америка, Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја нема да развие нуклеарен проектил исто толку добро развиен колку Америка, се чини дека Ким Јонг-ун се наоѓа на пат кон развивање на балистички проектил кој би можел да го уништи Вашингтон.

„Можеме да им се спротивставиме“, изјави Денис Блер, пензионираниот адмирал и поранешен шеф на американската команда во Пацификот.

„Можеби развиваат помеѓу 10 и 15 нуклеарни бомби. Ние имаме 2.000. Тие можат да ѝ наштетат на Америка, но после борбата Северна Кореја повеќе не би постоела. Тоа не е добра стратегија за зачувување на власта, нешто што го знае и Ким Јонг-ун“, објаснува Блер.

Америка е соочена со фактот што Русија, втората најголема нуклеарна сила, отворено се спротивставува на американската надворешна политика, и дека Пакистан, државата која е корумпирана и каде се сеприсутни џихадистичките групи, поседува нуклеарно оружје.

Службените лица од Министерството за одбрана, кои имаат искуство во областа на нуклеарното оружје, велат дека моменталниот став за неприфаќањето на Северна Кореја која поседува интерконтинентални балистички проектил е одраз на американскиот почетен став за време на преговорите, а не намера врз Северна Кореја да се влијае со воена сила.

„На почетокот на преговорите никогаш не треба да се поткопува официјалниот став. Никогаш нема самоволно да се откажете од вашата цел“, велат официјалните лица.

„Северна Кореја со нуклеарното оружје создава лоша ситуација, а ние не ја сакаме. Но ако ја изгубиме битката, сеедно - ќе преживееме“, заклучуваат тие.

И покрај заканите од двете страни, како тврдењето дека Америка може да нападне за да го спречи развојот на нуклеарната програма или тврдењето дека Северна Кореја со нуклеарно оружје може да ја нападне Америка, претставниците од Министерството за одбрана и други експерти велат дека и двете сценарија се помалку веројатни.

„Во интерес на Америка е да биде таинствена кога станува збор за нејзината надворешна политика“, вели Мелиса Хенам, која работи на истражување на источноазиската нуклеарна програма.

Американското нуклеарно оружје би можело да ги прелета Кина и Русија, а нејзината експлозија би имала последици и за Јапонија и Јужна Кореја, така што нуклеарниот конфликт со Северна Кореја може да доведе до нова светска војна - нуклеарна битка помеѓу големите светски сили.

Со тоа, Северна Кореја ќе продолжи да создава и поседува нуклеарно оружје, но веројатно, исто како Америка, Русија, Кина и Пакистан, нема да го употреби.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура