X
 13.06.2017 Наука

Како инженерите од ИКЕА помагаат во планот за живот на Марс?

Шведската компанија за производство на мебел, ИКЕА, која е позната по креирањето на неверојатно евтин мебел, овој пат изненадува со симулација за живот на Марс со цел да креира подобар мебел.

ИКЕА
Фото: Popsci.com

Креаторите се упатени кон Пустинската испитна станица за Марс во Јута, каде се изолирани три дена за да знаат што поминуваат астронаутите за три години. Нивна задача е да дознаат што значи комфорот за компактното живеење, како се чувствуваат тие во мал простор и слично.

Но, вежбата нема за цел само да им помогне на астронаутите на НАСА, туку и да се креира мебел кој би бил поудобен за користење овде на Земјата, со тоа што ќе биде тестиран на екстремни услови кои се карактеристични за Марс.

Ова би требало на инженерите да им помогне да размислуваат надвор од кутијата.

Вежбата е потсетник за предизвиците со кои ќе се соочиме: како што минува времето Земјата станува понаселена и помалку удобна. Но, добро е што постои иницијатива од вакви смели тимови, како тимот на ИКЕА за да знаеме како би живееле надвор од границите на нашата планета.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука